Агенциите на ОН повикуваат на итен прекин на огнот на Блискиот Исток
- Шефовите на сите големи агенции на ОН издадоа заедничка изјава во која повикуваат на „итен хуманитарен прекин на огнот“ истакнувајќи дека е „доста“.
Њујорк, 6 ноември 2023 (МИА) – Шефовите на сите големи агенции на ОН издадоа заедничка изјава во која повикуваат на „итен хуманитарен прекин на огнот“ истакнувајќи дека е „доста“.
- Речиси еден месец, светот ја следи ситуацијата во Израел и окупираната палестинска територија во шок и ужас од спиралниот број на изгубени и растргнати животи, велат шефовите на ОН.
Шефовите на организациите, вклучувајќи ги УНИЦЕФ, СЗО, Светската програма за храна – како и добротворни организации како што е „Спасете ги децата“ ја опишаа „ужасната“ загуба на животи од двете страни и побараа безусловно ослободување на заложниците киднапирани од Хамас за време на нападите на 7 октомври.
„Сепак, ужасните убиства на уште повеќе цивили во Газа е грозоморно, како и отсекувањето на 2,2 милиони Палестинци од храна, вода, лекови, струја и гориво“, се вели во изјавата.
Во соопштението се додава дека 88 луѓе кои работеле за УНРВА, агенцијата за палестинските бегалци, биле убиени од 7 октомври, што е најголем број жртви на ОН „регистрирани некогаш во еден конфликт“. јт/
Фото: Х