• петок, 05 декември 2025

„Автори и дела, 9“ - нова книга од Васил Дрвошанов

„Автори и дела, 9“ - нова книга од Васил Дрвошанов

Скопје, 28 септември 2025 (МИА) - Објавен е најновиот труд на лингвистот, критичар и поет Васил Дрвошанов - „Автори и дела, 9“, каде се разгледуваат одделни публикации од македонскигте творци: Васил Тоциновски, Мери Јосифовска, Славчо Ковилоски, Мишо Китаноски и Невен Радически и колективен труд од македонскиот авторски тим: Никола Пијанманов, Ниче Василев, Васко Ташковски и Тони Ќосев, соопштија денеска од неговиот тим.

- Изданијата што се предмет на анализа се објавувани во списанијата „Современост“, „Просветно дело“ и „Зенит“ последниве шест години, во периодот од 2018 до 2023 година. Делата што се предмет на опсервација се од хуманистичките дисциплини: македонска топономастика, македонска книжевност, нова и најнова историја на македонскиот народ и од ликовната уметност, чиј заеднички признак е македонството, под што авторот ги подразбира позитивните духовни и интелектуални карактеристики на благородниот Македонец, се наведува во соопштението.

Некои од делата застапени во книгата, како што се појаснува, се резултат на „повеќегодишни научни истражувања или резултираат од повеќегодишно уметничко творење, така што имаат трајни вредности со што се ставаат во одбрана на македонската посебност“.

- Проф. д-р Васил Дрвошанов е наградуван автор. Тој, помеѓу другото, двапати ја има добиено наградата „Гоце Делчев“ како општествено признание за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката за колективниот труд „Толковен речник на македонскиот јазик“ во 2015 година и годинава за колективниот труд „Македонски дијалектен атлас: Од ризницата на картотеката - лексички материјали“, пишува во соопштението. бд/аа/

Фото: Тим на авторот

Остани поврзан