• петок, 05 декември 2025

Автомобили, такси или мотори користат 60 отсто од Грците во Атина за нивните секојдневни движења во градот

Автомобили, такси или мотори користат 60 отсто од Грците во Атина за нивните секојдневни движења во градот

Атина, 2 мај 2025 (МИА) – Шест од десет Грци во Атина за нивното движење користат автомобили, такси или мотори, иако сметаат дека сообраќајниот метеж во градот е голем проблем, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено за агенцијата „Palmos Analysis“ за државната телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.

Истражувањето било спроведено од 26 до 31 март и од 11 до 16 април 2025 година во Атина, Солун, Патра, Лариса и Ираклио на Крит со анкетирани 1.787 лица, а 70 отсто од испитаниците сметаат дека сообраќајот е „многу“ (38 проценти) или „доста“ (32 отсто) важен проблем во нивниот секојдневен живот.

Дополнителен проблем за речиси девет од десет анкетирани е паркирањето.

Од средствата за јавен превоз, на прво место граѓаните и во Солун и во Атина го одбираат метрото.

Во Солун, 60 отсто од испитаниците сметаат дека отворањето на метрото во ноември минатата година, придонело за намалување на сообраќајниот метеж во градот.

Во однос на проблемите во јавниот превоз, граѓаните бараат зголемување на фреквенцијата на линиите и намалувањето на времето на чекање на станиците. ср/сд/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан