• недела, 22 декември 2024

Австралијци одбиле 30 милиони евра, за да не се иселат од своето земјиште среде населба

Австралијци одбиле 30 милиони евра, за да не се иселат од своето земјиште среде населба

Сиднеј, 15 мај 2023 (МИА) - Семејство од Сиднеј, Австралија, добило и одбило понуда од градежна компанија вредна 50 милиони австралиски долари, т.е. 30 милиони евра, за да се исели од својот дом и земјиштето околу него.

Имено, при преосмислувањето во нивната населба Квејкерс Хил и новите градби, имотот на семејството Замит се издвојува во однос на сите нови градби што го опкружуваат, но сопствениците сепак одбиваат да попуштат пред барањата. Импресивниот имот се наоѓа на 40 минути од центарот на Сиднеј и, меѓу другото, има пространа патека со воодушевувачки поглед на Сините Планини.

Нивната одлука да се спротивстават на властите и градежните инвеститори е поддржана од соседите и околниот агент за недвижности, Тејлор Бредин.

- Повеќето луѓе ја продадоа својата земја пред многу години, но овие луѓе не го сакаат тоа и „не се даваат“. Секоја чест за нив! На нивното земјиште може да се изградат околу 50 нови куќи, па јасно е зошто семејството е преоптоварено со понуди, рече Бредин.

Семејството е среќно што сè уште го има својот дом, а и сведочат дека предградието е непрепознатливо во однос кога го купиле имотот пред десет и пол години, поради урбанизацијата. Имено, според Дајан Замит, порано така збиени кучќички како сега.  си/

Фото: Јутјуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан