• петок, 22 ноември 2024

Австралискиот премиер пречекан со навреди во областите зафатени со пожари

Австралискиот премиер пречекан со навреди во областите зафатени со пожари
Перт, 2 јануари 2020 (МИА) - Австралискиот премиер Скот Морисон се соочи со гневните жители кои денеска го навредуваа за време на посетата на земјата каде што беснеат пожарите. Жителите во Кобарг, Нов Јужен Велс, му се обраќаа со пцовки, нарекувајќи го „идиот“ и правеа непристојни движења, критикувајќи го за недостигот на опрема за гасење на пожарите во градот. - Секогаш кога ова подрачје е зафатено со поплава или пожар, ние не добиваме ништо. Да бевме во Сиднеј или на северниот брег ќе бевме преплавени со донации за итна помош, изјави жител на Кобарг. Гневот кај жителите се јави откако властите соопштија дека оваа недела се уништени 381 куќа на јужниот брег на Нов Јужен Велс. - Не сум изненаден што луѓето моментално се чувствуваат ранливо. Затоа дојдов денеска, да бидам овде, да се уверам во тоа, да им понудам утеха. Се уште има опасни денови. Ние го разбираме тоа и затоа ќе направиме се што е можно да им ја пружиме поддршката што им е потребна, рече Морисон. Најмалку осум лица настрадаа оваа недела во Нов Јужен Велс и соседната држава Викторија. Во двете најгусто населени држави на Австралија горат повеќе од 200 пожари. Со пожари се зафатени и Западна Австралија, Јужна Австралија и Тасманија. паг/

Остани поврзан