• понеделник, 23 декември 2024

Австралискиот премиер Албанезе одби да интервенира за Асанж

Австралискиот премиер Албанезе одби да интервенира за Асанж
Канбера, 20 јуни 2022 (МИА) - Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска ги отфрли повиците јавно да побара од САД да се откажат од судско гонење на основачот на „Викиликс“, австралиски државјанин, Џулијан Асанж. Австралиската Влада е под растечки притисок за интервенција во случајот, откако британската Влада минатата недела нареди Асанж да биде екстрадиран во САД, за да одговара за обвинувањата за шпионажа. Поддржувачите на Асанж, како и неговите адвокати, тврдат дека неговото дејствување е заштитено со американскиот Устав и прописите за слобода на медиумите. Албанезе одби да одговори дали разговарал за случајот со претседателот на САД, Џо Бајден. - Некои луѓе мислат дека ако напишат нешто со големи букви на Твитер и се стави знак извичник one time (еднаш) некако стануваат важни. Не стануваат, изјави Албанезе. Тој планира да води влада што „дипломатски и на соодветен начин се однесува кон своите партнери“. Асанж може да добие до 175 години затвор поради објавување на над 700.000 доверливи документи за американски војници и дипломатски активности, особено во Ирак и во Авганистан, од 2010 година. Педесетгодишниот Асанж се наоѓа во затвор во Лондон од 2019 година, кога беше уапсен. Претходно, тој помина седум години во Амбасадата на Еквадор во Лондон. На одлуката на британскиот суд, австралискиот државен обвинител Марк Дрејфус и министерката за надворешни работи Пени Вонг одговорија дека случајот Асанж траел премногу долго и оти треба да се заврши. Според американски обвинители, Асанж ѝ помогнал на разузнавачката аналитичарка на американската војска, Челси Менинг, да украде тајни дипломатски депеши и воени документи, подоцна објавени, со што е предизвикан ризик за многу животи. Сопругата на Асанж, Стела тврди дека нејзиниот сопруг е гонет судски поради откривање воени злосторства и злоупотреба на власта. бд/сд/

Остани поврзан