• петок, 05 декември 2025

Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје

Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје

Скопје, 28 јуни 2025 (МИА) - Град Скопје информира дека денеска и утре во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, а на 30 јуни терестричната дезинсекција.

Терестричната дезинсекција, како што информираа од Град Скопје, ќе се реализира до 3 јули, во периодот од 22 до 03 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. 

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. фф/аа/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан