• сабота, 21 декември 2024

Авионот на шефицата на германската дипломатија принудно слета поради механички дефект

Авионот на шефицата на германската дипломатија принудно слета поради механички дефект

Берлин, 14 ацгуст 2023 (МИА) - Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го откажа патувањето во Австралија поради дефект на авионот со кој требаше да патува таму.

Авионот во кој Бербок патувала од Германија за Австралија застанал во Абу Даби на полнење гориво, но само три минути откако повторно полетал бил откриен „механички дефект“, а авионот повторно слетал на аеродромската писта. 

Шефицата на германската дипломатија по Австралија требаше да ги посети Нов Зеланд и Фиџи.

-Поради механички проблем моравме да се вратиме во Абу Даби, од безбедносни причини. Во моментов се разгледуваат дополнителни опции за продолжување на патувањето, соопштуваат од МНР. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан