• петок, 22 ноември 2024

Авганистанците кои неодамна пристигнале во САД добиваат привремен правен статус

Авганистанците кои неодамна пристигнале во САД добиваат привремен правен статус

Вашингтон, 22 септември 2023 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека им доделува привремен правен статус на авганистанските мигранти кои веќе живеат во земјата повеќе од една година.

Одделот за домашна безбедност објави во соопштение дека одлуката за доделување привремен заштитен статус на Авганистанците кои пристигнале по 15 март 2022 година и пред 20 септември 2023 година, ќе влијае на приближно 14.600 Авганистанци.

Овој статус не им дава на засегнатите Авганистанци долгорочно право да останат во земјата или пат до државјанство. Важи до 2025 година, кога треба повторно да се обнови. Ова ги штити од депортација и им дава можност да работат во земјата.

Во средата, администрацијата објави дека привремен заштитен статус им бил доделен на речиси 500.000 Венецуелци во земјата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан