Абрахам се сели од Рома во Бешикташ
- Англискиот напаѓач Тами Абрахам ја напушта Рома и ќе ја продолжи кариерата во турскиот прволигаш Бешикташ.
Истанбул, 30 јуни 2025 (МИА) – Англискиот напаѓач Тами Абрахам ја напушта Рома и ќе ја продолжи кариерата во турскиот прволигаш Бешикташ.
Турските медиуми јавија вечерва дека 27-годишниот Абрахам доаѓа во клубот од Истанбул во трансфер вреден 15 милиони евра, плус одредени бонуси.
Истите извори наведуваат Рома мора да го комплетира трансферот што е можно поскоро за да оствари профит и на тој начин да избегне казна поради финансискиот фер-плеј.
Абрахам е член на Рома од 2021 година, откако помина една сезона во Милан.
За римскиот клуб одигра 120 натпревари и постигна 37 голови. Претходно во кариерата настапуваше и за Челзи, Бристол Сити, Свонси и Астон Вила. ег
ФОТО: ЕПА