• недела, 22 декември 2024

Абот: Тексас е подготвен доколку Бајден одлучи да ја федерализира националната гарда

Абот: Тексас е подготвен доколку Бајден одлучи да ја федерализира националната гарда

Остин, 27 јануари 2024 (МИА) - Гувернерот на Тексас, Грег Абот денеска изјави дека Тексас е подготвен за „настанот без преседан“ доколку американскиот претседател Џо Бајден ја федерализира Националната гарда додека несогласувањата околу мигрантите на јужната граница со Мексико продолжуваат.

- Па, пред сè, би бил шокиран. Тоа би бил бесрамен потег од негова страна, целосна катастрофа, изјави Абот во емисијата „Без цензура“, пренесена од порталот Хил.

Националната гарда на Тексас ја игнорираше одлуката на Врховниот суд со која се бара отстранување на жичената ограда и напротив, продолжи да ја гради оградата долж границата со Мексико.

Абот го критикуваше Бајден дека не ги спроведува законите за имиграција и ја нагласи уставната власт што државата ја има да се брани од инвазија, додека бранот мигранти кои пристигнуваат на границата продолжува.

Републиканските гувернери во неколку американски држави го поддржаа Абот во неговиот конфликт со федералната влада. Абот рече дека државата распоредила членови на Одделот за јавна безбедност во Тексас, како и други службеници за спроведување на законот заедно со членови на Националната гарда од други држави, на границата, но рече дека уште потребни се поголем број припадници на Гардата. 

Тој рече дека ќе биде „шокиран и разочаран“ доколку државите кои ветија дека ќе го поддржат во неговите напори не испратат членови на нивната Национална гарда во Тексас. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан