• понеделник, 23 декември 2024

Абе: Високите температури не спречуваат ширење на коронавирусот

Абе: Високите температури не спречуваат ширење на коронавирусот
Токио, 15 јуни 2020 (МИА) - Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави денеска дека високите температури во текот на летото веројатно нема да го спречат пренесувањето на новиот коронавирус, имајќи предвид дека бројот на заразени е голем дури и на Блискиот Исток. - Не можеме да бидеме релаксирани само затоа што доаѓа лето, бидејќи инфекцијата се шири и на Блискиот Исток каде се високи температурите, истакна Абе, демантирајќи ја идејата дека топлото време може да има главна улога при намалување на инфекциите. Температурите на Блискиот Исток надминаа 35 степени Целзиусови во градовите како што се Техеран и Ријад, каде, според податоците на Светската здравствена организација, се потврдени околу 185.000, односно 123.000 случаи. Во Катар, каде највисоката температура достигна околу 40 степени во последните две недели, во просек дневно се заразуваат околу 1.500 луѓе, што е повеќе отколку во април кога било постудено. Абе потврди дека Владата настојува да ја прошири медицинската стратегија и тестирањата во пресрет на евентуалниот втор бран на епидемијата. гт/

Остани поврзан