Абдел Фатах ал-Сиси на 2 април ќе даде заклетва на својот трет шестгодишен претседателски мандат
- Претседателските избори се одржаа на 1, 2 и 3 декември во странство и на 10, 11 и 12 декември во Египет. На 18 декември 2023 година, Националната изборна администрација ја објави очекуваната победа на Ал-Сиси.

Каиро, 11 март 2024 (МИА) - Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси на 2 април ќе положи заклетва за својот трет шестгодишен мандат, одлучи Комисијата за општи работи во Претставничкиот дом на египетскиот Парламент, пренесе весникот „Ал-Ахрам“.
Претседателските избори се одржаа на 1, 2 и 3 декември во странство и на 10, 11 и 12 декември во Египет. На 18 декември 2023 година, Националната изборна администрација ја објави очекуваната победа на Ал-Сиси.
Заедно со актуелниот шеф на државата, во изборот учествуваа и лидерите на партијата „Вафд“, Абдел-Санад Јамама, Народно-републиканската партија, Хазем Омар, и Египетска социјалдемократска партија Фарид Захран.
Ас-Сиси својот прв манадт го почна во 2014 година по соборувањето на Мохамед Морси и неговото Муслиманско братство, а реизбран беше 2018 година. сд/
фото:МИА архива