• петок, 22 ноември 2024

Абазовиќ: Ќе видиме дали раката на правдата ќе тргне и кон Ѓукановиќ

Абазовиќ: Ќе видиме дали раката на правдата ќе тргне и кон Ѓукановиќ

Подгорица, 13 април 2023 (МИА) – Се помести раката на правдата во Црна, а само прашање е на нејзината брзина, кривично се гонети луѓе од судската врхушка, полицијата, најверојатно ќе се гонат и луѓе од политичката сфера, изјави црногорскиот премиер со технички мандат, Дритан Абазовиќ.

Абазовиќ во интервју за телевизијата БиХ кажа дека ќе се види дали раката на правдата ќе тргне и кон претседателот на Црна Гора во заминување, Мило Ѓукановиќ.

-Гоневме луѓе од врвот на судството, од врвот на обвинителската организација, неодамна од врвот на полицијата. И луѓето од политичката сфера најверојатно ќе бидат кривично гонети. Во секој случај, раката на правдата се помести и во прашање е само нејзината брзина. Веќе воопшто не е прашањето дали таа ќе пристигне. Ќе видиме дали таа ќе трген и кон господинот Ѓукановиќ. Тој не може да се изземе од правниот поредок на Црна Гора, рече Абазовиќ.

Црногорскиот премиер додаде дека засега „настрадаа само луѓе кои биле во непосредната близина Ѓукановиќ“.

-Со оглед на тоа дека тој цели 30 години беше политички лидер на Црна Гора не знам дали беше доволно способен целосно да се изземе од сето тоа што го правеа луѓето во неговата околина. Не знам, не сакам да лицитирам. Само сакам да кажам дека државното обвинителство има одврзани раце да работи согласно законот кон сите. Она што е малку контроверзно во јавноста е начинот на кој Ѓукановиќ стигна до тој фамозен прв милион. Тоа е нешто што мора да има епилог. Не велам ништо дека некој е виновен или не, но првиот милион е спорен. Тој првиот потоа, ако испадне како што сите очекуваат, многу полесно ќе го докаже вториот, рече Абазовиќ. сд/

Остани поврзан