• сабота, 23 ноември 2024

АА: Само во Северна Македонија може да крадете и да ја злоупотребувате моќта и да бидете наградени со смешни казни

АА: Само во Северна Македонија може да крадете и да ја злоупотребувате моќта и да бидете наградени со смешни казни
Скопје, 23 јули 2022 Алијанса за Албанците ја повикува ДУИ да го прекине наградувањето за нивниот шеф Сашо Мијалков. Последователните олеснувања и услуги за Мијалков неодамна кулминираа со тригодишен одмор во струшкиот затвор. Само во Северна Македонија можете да крадете од граѓаните, да ја злоупотребувате моќта, да станете милионер и на крај да бидете помилувани, амнестирани и наградени со смешни казни и луксузно сместување. Сето ова се случува благодарение на сегашниот хибриден режим, а особено на ДУИ, кои ги слушнавме и во прислушуваните разговори кои ги контролираат судиите и обвинителите кои ги именуваа заедно со Мијалков и Јанкуловска. Алијанса за Албанците ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан