• петок, 05 декември 2025

АА на Таравари: ВРЕДИ да ја бара вината кај коалициските партенри, а не кај албанската опозиција

АА на Таравари: ВРЕДИ да ја бара вината кај коалициските партенри, а не кај албанската опозиција

Скопје, 30 август 2025

Алијансата за Албанците потенцира дека злото на ВРЕДИ не е албанската опозиција и Алијансата за Албанците, туку нивните владини партнери – ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Српската демократска партија на Иван Стоилковиќ, порачува во пишано соопштение до медиумите Крилото на Таравари на Алијансата за Албанците, што МИА го пренесува интегрално.

Со нивните антиалбански политики, овие партнери секојдневно го користат и експлоатираат ВЛЕН, прикажувајќи го во лошо светло пред Албанците. Дискриминацијата и деградацијата на Албанците на секое ниво се случува јавно, пред и по очите на функционерите на ВЛЕН, и за тоа одговорноста не може да се префрли врз албанската опозиција.

ВЛЕН треба да престане да се однесува како опозиција, амнестирајќи се од гревовите на оваа влада. Злото има име – ВМРО-ДПМНЕ и владините партнери – и вината треба да ја бараат таму, како и кај своите функционери кои ги легитимираат реваншистичките политики против Албанците од нивниот тутор, Христијан Мицкоски.

ВЛЕН е добро што ќе земе пример од Алијансата за Албанците и претседателот Арбен Таравари и што поскоро ќе се повлече од оваа екстремна влада против Албанците. Во спротивно, одговорноста паѓа врз нив и никој нема да ги амнестира.

Алијансата за Албанците нема никаква вина што оваа влада секојдневно презема чекори за демонтирање на Охридскиот договор и понижување на Албанците. Колку побрзо ВЛЕН го сфати ова, толку полесно ќе им биде да излезат пред албанските граѓани и да побараат прошка.

Доколку продолжи рушењето на сите достигнувања на Албанците од оваа влада, тогаш ниту прошката повеќе нема да има вредност.

Затоа, ВЛЕН треба да му се врати на народот и да не се занимава со клевети и напади кон албанската опозиција, затоа што Албанците очекуваат одговорност и визија, а не оправдувања за да останат еден ден повеќе на власт. Октомври е блиску и алармот за политичката иднина на ВЛЕН е реален.

Алијанса за Албанците, Крило на Таравари

Фото: МИА архива

Остани поврзан