• недела, 22 декември 2024

АА и Алтернатива: Да се ослободат граѓаните од плаќање патарини на автопатот Тетово-Гостивар

АА и Алтернатива: Да се ослободат граѓаните од плаќање патарини на автопатот Тетово-Гостивар
Скопје, 6 јули 2021 Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернaтива бара од Владата итно да ги ослободи граѓаните од патарините на таканаречениот автопат Тетово-Гостивар. Овој пат не ги исполнува основните стандарди на автопатот, нема алтернативни патишта, нема доволно ленти, а да не ја спомнувам безбедноста, за што сведочи и големиот број несреќи заради лошиот квалитет на патот и животните кои постојано влегуваат на пат. Од овие причини нема основа за плаќање за користење на овој пат. Затоа бараме да се отстрани данокот на патот до изградбата на нов автопат што веќе е неопходност. Доколку во рок од една недела, Владата не донесе одлука, тогаш нашата пратеничка група ќе му предложи на Собранието закон за укинување на данокот за патот Тетово - Гостивар. Ако сегашната влада има тенденција да го игнорира ова барање што доаѓа од граѓаните, тогаш ве известуваме дека на секоја улица во земјата ќе се соочите со нив. Во исто време, ги покануваме граѓаните да го кренат својот глас, да го поддржат ова нивно барање, кое ние само го официјализираме преку институциите. Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива ______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан