• понеделник, 23 декември 2024

  Директорот Богоев на средба со претставници на „Макам-транс“

  Директорот Богоев на средба со претставници на „Макам-транс“

Скопје, 4 јули 2023 (МИА) - Олеснувањето на трговијата и транспортот на стоки, модернизацијата на граничните премини, како и активностите кои Царинската управа ги спроведува во рамки на иницијативата Отворен Балкан, беа теми на денешната средба на директорот Стефан Богоев со претставниците на македонската транспортна асоцијација МАКАМ-ТРАНС, предводени од генералниот секретар Билјана Муратовска.

-Од страна на Асоцијацијата изразија задоволство во делот на мерките што Царинската управа во континуитет ги презема во насока на унапредување на царинските процедури преку поедноставување на постапките, со цел забрзан проток на стоки и намалување на трошоците за транспортните компании, наведува Царинската управа и дополнува дека континуираниот дијалог и соработката со бизнис заедницата е од голема важност во креирањето политики за унапредување на трговијата и транспортот. мч/цр

Фото: Царинска управа

Остани поврзан