Студентски Хакатон на УКЛО за предизвиците на тројната транзиција
- УКЛО-Битола денеска почна тридневен студентски Хакатон посветен на мултидисциплинарните предизвици на тројната транзиција: социо-економски, зелени и дигитални предизвици.
Битола, 24 ноември 2025 (МИА) - УКЛО-Битола денеска почна тридневен студентски Хакатон посветен на мултидисциплинарните предизвици на тројната транзиција: социо-економски, зелени и дигитални предизвици.
Според ректорот на УКЛО, Игор Неделковски, првиот Хакатон што се одржува во рамки на Алијанса КОЛОРС, овозможи учество на домашни и студенти од странство и тоа дополнителен квалитет во студентскиот натпревар што ќе се случува во Битола.
-Студентите ќе креираат иновативни софтверски решенија поврзани со тројната транзиција на регионот, место во кое порано или подоцна ќе почне процесот на праведна транзиција. Овој процес не се реализира веднаш и затоа нашиот Универзитет меѓу првите работи на конкретни предлози. Понудените решенија од студентите ќе се понудат на државата, бизнисот или невладиниот сектор како бесплатни алатки кои придонесле за тројната транзиција, односно за економските, зелените или еколошките и дигиталните предизвици, посочи ректорот Неделковски.
На прес - конференција во Студентскиот информативен центар (СИЦ) на УКЛО-Битола, раководителот професор д-р Мимоза Богданоска Јовановска, истакна дека сите предлог решенија на студентските тимови ќе бидат дизајнирани со трите носечки компоненти на годинешниот Хакатон.

-Годинава имаме повеќе од 50 учесници, студенти и ученици од земјава и странство. Главни идеи ги избравме како континуирана активност на колабораториумите и затоа овој пат работиме на тема храна и отпадок од храна, потоа на тема е енергија и обновливи извори на енергија, додека третата тема е посветена на социјалната инклузија. Трите предизвици го вклучуваат и дигиталниот момент без кој денес неможе да се замислат новитети, истакна универзитетскиот професор Богданоска Јовановска.
Работата на тимовите учесници на студентскиот Хакатон ќе биде оценувана од посебна стручна комисија со различен профил, а најдобрите ќе бидат наградени. мт/дма/
Фото: МИА