• недела, 22 декември 2024

 Протести во Минск, уапсени петмина студенти

 Протести во Минск, уапсени петмина студенти
Москва, 4 септември 2020 (МИА) - Илјадници демонстранти денеска повторно се собраа во Минск на протест против резултатите од претседателските избори во Белорусија. Според активисти за човекови права, петмина студенти биле уапсени. Полицијата влезе во зградата на Државниот јазичен институт во Минск за да ги растера демонстрантите, кои се собраа да изразат солидарност со претходно уапсените колеги. Пред неколку дена Универзитетот ги предупреди студентите дека ќе повикаат полиција доколку не престанат со протестите против реизборот на претседателот Александар Лукашенко. Илјадници студенти учествуваа на протестите низ целата земја на 1 септември, првиот ден од учебната година, како дел од бранот протести против победата на Лукашенко на изборите на 9 август, за кои опозицијата тврди дека биле наместени. паг/

Остани поврзан