• вторник, 26 ноември 2024

 Во етнички мотивиран напад во Етиопија убиени 54 лица

 Во етнички мотивиран напад во Етиопија убиени 54 лица
Адис Абеба, 2 ноември 2020 (МИА) - Најмалку 54 лица, вклучително и деца, загинаа во етнички мотивиран напад во училишен двор во западна Етиопија, соопшти Амнести Интернешнл. Етиописката влада за нападот ја обвини бунтовничката група, таканаречена Ослободителна армија Оромо. „Имаше околу 60 напаѓачи кои пристигнаа по повлекувањето на федералните трупи од областа во неделата. Цел на нападот биле етнички Амхарци, кои биле извлечени од своите домови и однесени во училиштето, каде се убиени, се наведува во соопштението на Етиопската комисија за човекови права. Како што пренесуваат локалните медиуми, вооружената група собрала 200 луѓе „заради состанок“, а потоа пукала во нив. Училиштето е запалено, како и 120 куќи во селото. Комисијата ја повика сојузната влада „да ги расветли причините за повлекувањето на армијата од областите за кои се знае дека се под напад“ и да обезбеди цивилна заштита. Во соопштението од Канцеларијата за комуникации во регионот Оромија се наведува дека „жени, деца, стари и млади“ биле масакрирани. Етиопскиот премиер ги осуди убиствата, додавајќи дека безбедносните сили се распоредени во областа и „започнале да преземаат акција“. Амхарите се втора по големина етничка група во Етиопија, по Оромосите. Во последните неколку недели имаше напади врз нив во западниот регион, со неколку десетици мртви. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан