• понеделник, 25 ноември 2024

 Авионот на Сривиџаја ер се урнал во заливот кај Џакарта, потврди индонезискиот министер за транспорт

 Авионот на Сривиџаја ер се урнал во заливот кај Џакарта, потврди индонезискиот министер за транспорт
Џакарта, 9 јануари 2021 (МИА) - Индонезискиот министер за транспорт Буди Карја Сумади потврди дека авионот на „Сривиџаја ер“, со повеќе од 60 лица, се урна денеска во заливот кај Џакарта. Тој рече дека авионот паднал близу остров во заливот. Противпожарната служба на Џакарта објави на Твитер дека се пронајдени некои делови во заливот и дека се трага по исчезнатиот авион. Авионот полетал од Џакарта кон градот Понтијанак на островот Борнео и наскоро по полетувањето изгубил контакт со контролата на летање. Локалните медиуми јавија дека во авионот „Боинг 737-500“ имало 56 патници и шест членови на екипажот.  паг/  

Остани поврзан