• четврток, 17 септември 2026

У15: Македонските фудбалерки поразени од Турција

У15: Македонските фудбалерки поразени од Турција

Струмица, 16 септември 2026 (МИА) – Во последниот натпревар од УЕФА развојниот турнир за фудбалерки до 15 години во Струмица, македонската фудбалска репрезентација загуби денеска од Турција со 4:0.

Со овој триумф селекцијата на Турција го освои првото место на турнирот додека на втората позиција се пласираше Црна Гора која во последната рунда славеше со 2:1 во соочувањето против Молдавија.

По три одиграни кола фудбалерките од Молдавија го освоија третото место и тоа благодарение на победата во дуелот против Македонија која настапот на УЕФА развојниот турнир го заврши на последната позиција. ег

ФОТО: ФФМ