Струга ќе биде домаќин на Првата екипна шаховска лига во машка и женска конкуренција
- Околу 150 шахисти, спортисти и членови на екипите од утре до 29 овој месец ќе учествуваат на Првата екипна шаховска лига, во машка и женска конкуренција, што ќе се одржи во Струга, во организација на шаховскиот клуб „Фламуртари“.
Струга, 21 август 2026 (МИА) - Околу 150 шахисти, спортисти и членови на екипите од утре до 29 овој месец ќе учествуваат на Првата екипна шаховска лига, во машка и женска конкуренција, што ќе се одржи во Струга, во организација на шаховскиот клуб „Фламуртари“.
- Општина Струга го поддржува овој настан, со уверување дека вложувањето во спортот е вложување во луѓето, талентот и иднината. Секој спорт, секој талент и секој граѓанин кој придонесува за активен живот во заедницата заслужува поддршка и простор за понатамошен развој, соопшти општинската прес-служба.
Шахот, како што наведуваат, е спорт на концентрација, стратегија, трпение и интелигенција, спорт кој ги обединува генерациите и создава можности за натпреварување, дружење и забава.
- Нека ова биде недела исполнета со добри партии, спортски натпревар, пријателства и убави моменти, порачуваат од Општина Струга. сс/дма/
Фото: плакат