• сабота, 14 февруари 2026

Струга на Меѓународниот саем за туризам во Албанија

Струга на Меѓународниот саем за туризам во Албанија

Струга, 12 февруари 2026 (МИА) - Туристичкиот потенцијал на Струга - природните убавини, културното наследство, богатата традиција и можностите за одржлив развој на туризмот вчера и денеска се дел од Меѓународниот саем за туризам во Тирана.

Општинската прес-служба соопшти дека во рамките на саемот, градоначалникот, Менди Ќура се обратил, на панел-дискусијата на тема: „Позиционирање на дестинациите: Од имиџ до реално влијание!“

Пред присутните истакнал дека Струга има капацитет да биде препознатлива регионална дестинација, која нуди автентично искуство за посетителите. Тој упатил јавен повик до сите туристички оператори и агенции да ја вклучат Струга во своите туристички пакети, со цел заедничко унапредување на понудата и зголемување на видливоста на градот на регионалната и меѓународната туристичка мапа.

- Општина Струга останува посветена на активна промоција, стратешко позиционирање и создавање реално влијание преку конкретни партнерства и соработки во туристичкиот сектор, посочува општинската прес-служба. сс/са/

Фото Општина Струга

Остани поврзан