• петок, 18 септември 2026

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4 отсто е индикатор дека состојбата е стабилизирана

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4 отсто е индикатор дека состојбата е стабилизирана

Скопје, 2 септември 2026 (МИА) - Растот на индустриското производство во вториот квартал од 3,4 отсто е индикатор дека состојбата е стабилизирана и конечно стигнуваат позитивни вести - рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Според него, растот од речиси 3,4 отсто во вториот квартал е индикатор дека по 25-26 месеци од оваа Влада, состојбата е конечно стабилизирана и дека во оваа насока треба да се продолжи и во периодот што следува.

- Индустриското производство во овие услови е исклучително значаен податок и неговиот раст, особено во вториот квартал, кој е над 3 отсто, мислам дека е околу 3,4 отсто, но уште повеќе радува фактот што преработувачката индустрија расте. Значи, не се темели на услуги или на нешто друго, туку имаме раст на преработувачката индустрија. Ова се први индикатори, кои велат дека по овие 24, 25, 26 месеци од оваа Влада, конечно стигнуваат позитивни вести, односно да се изразам попрецизно, конечно е стабилизирана состојбата, која ќе треба да продолжиме да ја развиваме и да ја растеме. Во периодот што следува очекувам и тоа да се случи - нагласи Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на градскиот воз. сс/са/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа