• петок, 18 септември 2026

Домот за стари лица и кумановската гимназија склучија Меморандум за соработка

Домот за стари лица и кумановската гимназија склучија Меморандум за соработка

Куманово, 11 септември 2026 (МИА) - Гимназијата „Гоце Делчев“ и Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово денеска потпишаа меморандум за соработка. Целта како што кажаа директорите на двете институции е да се постигне долгорочно партнерство кое ќе ги поврзе младите и старите лица и креирање заеднички содржини во локалната заедница. Директорот на Домот за стари лица „Зафир Сајто“, Александар Крстевски, рече дека Меморндумот се однесува на поттикнување на меѓугенерациската солидарност, надминување на стереотипите меѓу младите и старите лица и подобрување на социјалниот живот и развивање на емпатијата. 

Во реализацијата ќе бидат вклучени учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“, кои, според Крстевски, веќе имаат свои идеи за активности и проекти.

–Нашиот ученички парламент  самоиницијативно направи многу хуманитарни акции со лицата кои се сместени во Домот за стари лица,по повод разни празници, рече директорката Марија Тодоровска.

Таа кажа  дека од оваа учебна година секој ученик има обврска да реализира 36 часа општо-корисна работа во локалната заедница, а една од активностите ќе биде насочена кон корисниците на Домот „Зафир Сајто“. Со меморандумот двете институции очекуваат младите и старите лица да имаат повеќе можности за дружење и размена на искуства. Заедничките активности треба да поттикнат солидарност, емпатијата и подоброто меѓусебно разбирање. ам/лв/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа