Габриел Жезус пристигна во Барселона, утре потпишува двегодишен договор
- Бразилскиот 29-годишен напаѓач Габриел Жезус пристигна денеска во Барселона во очекување во текот на утрешниот ден да стави потпис на двегодишен договор со каталонскиот гигант.
Барселона, 31 август 2026 (МИА) – Бразилскиот 29-годишен напаѓач Габриел Жезус пристигна денеска во Барселона во очекување во текот на утрешниот ден да стави потпис на двегодишен договор со каталонскиот гигант.
Шпанските весници „Мундо Депортиво“ и „Спорт“, објавија попладнево фотографии од неговото пристигнување на терминалот за приватни летови на аеродромот Барселона-Ел Прат.
„Многу сум среќен. Се надевам дека ќе освоиме многу трофеи“, им изјави Жезус кратко на шпанските новинари.
Жезус, чиј договор со Арсенал истекува идната година, треба да денеска да ги мине задолжителните медицински прегледи и ако сè оди според планот, се очекува официјална презентација во вторник попладне.
Габриел Жесус задс себе има 64 настапи за бразилската репрезентација, а пред Арсенал играше за Манчестер Сити и Палмеирас. ег
ФОТО: ЕПА