Ќе се реконструира дел од една од главните велешки улица „Алексо Демниевски Бауман"
- Дел од фреквентната и една од главните велешки улици „Алексо Демниевски Бауман“, а која води до Железничката станица и повеќе нови трговски објекти во овој дел од градот е со дотраен горен дел и оштетувања на коловозот. Од таа причина во соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт обезбедени се финансиски средства за целосна реконструкција на оваа делница, информира денеска градоначалникот Марко Колев.
Велес, 10 март 2026 (МИА) - Дел од фреквентната и една од главните велешки улици „Алексо Демниевски Бауман“, а која води до Железничката станица и повеќе нови трговски објекти во овој дел од градот е со дотраен горен дел и оштетувања на коловозот. Од таа причина во соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт обезбедени се финансиски средства за целосна реконструкција на оваа делница, информира денеска градоначалникот Марко Колев.

Тој најави деновиве да започне нејзината реконструкција, како и на други споредни улици во градот и населените места во Општина Велес.ад/са/
ФОТО: Општина Велес