Завршува реконструкцијата на штипската улица „Пиринска“
- Започнаа активностите за асфалтирање и уредување на улицата „Пиринска“ и неколкуте нејзини краци во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска изврши увид во градежните работи и истакна дека по претходно променетата водоводна линија, како и уредување на влезовите пред станбените згради, денеска се поставува асфалтен слој на улицата.
Штип, 10 март 2026 (МИА) - Започнаа активностите за асфалтирање и уредување на улицата „Пиринска“ и неколкуте нејзини краци во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска изврши увид во градежните работи и истакна дека по претходно променетата водоводна линија, како и уредување на влезовите пред станбените згради, денеска се поставува асфалтен слој на улицата. Станува збор за подобрување на инфраструктурата во градот, по барање на жителите, чии потреби се ставени во годишниот План за работа на Општината.
-На улица „Пиринска“ продолжуваат активностите за уредување на останатите краци, кои во изминатиот период беа третирани, во однос на водоводна линија. Станува збор за една површина на која претходно се работеше за станбените влезови. Денес се нанесува асфалт- вели Јорданов.
Тој додаде дека со неколку милиони денари, пари издвоени од Буџетот на Општина Штип се работи во повеќе населени места, на асфалтирање на улици, уредување на тротоари и слично со цел подобрување пред се на патната инфраструктура.
-Освен оваа активност паралелно се работи и на неколку други позиции во нашиот град. Моментално се работи во населба Кадидаре, во Пребег, Сењак. Верувам дека значително ќе се подобри тековната постоечка инфраструктура и ќе се овозможи посовремен изглед на сите маала, населби во нашиот град-изјави Јорданов.
Јорданов апелираше до граѓаните, доколку имаат забелешки, потреби или проблеми за решавање да се обратат до Општината. вдј/
Фото: МИА