• e mërkurë, 11 mars 2026

Јофи Бус: Прекинот на линиите 23 и 45 беше поради сообраќајка во Автокоманда

Јофи Бус: Прекинот на линиите 23 и 45 беше поради сообраќајка во Автокоманда

Скопје, 10 март 2026 (МИА) - Превозникот Јофи Бус ги демантира информациите дека патниците од Ченто се оставени без превоз и оти имало само прекин на линиите 23 и 45 поради сообраќајна несреќа во Автокоманда. 

-Сакаме да упатиме демант во врска со објавата на одредени портали дека патниците од населба Ченто се оставени без превоз. Причината поради која имаше прекин на линиите 23 и 45 е сообраќајната несреќа во Автокаманда, Булеварот Александар Македонски беше целосно затворен, се вели во информацијата од Јофи Бус.

Одредени медиуми објавија информации дека жители на населбата Ченто во Гази Баба до нив испратиле видео на кое се гледало дека во тој момент ниту еден автобус број 23 и 45 не вози и е паркиран на последната постојка во Ченто, позната како последна 45-ка. сст/са/

Фото МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR