Се реконструира и доградува мостот на Маркова Река во општина Аеродром
- Со реализацијата на овој проект, како што се истакнува, се создава современа и сигурна инфраструктура што ќе ги поврзе Горно и Долно Лисиче, овозможувајќи побрзо и побезбедно движење за сите жители.
- Post By Блаже Дарудов
- 18:19, 10 mars, 2026
Скопје, 10 март 2026 (МИА) - Во општина Аеродром започна реконструкцијата и доградбата на мостот на Маркова Река, што ги поврзува населбите Горно и Долно Лисиче. Проектот има за цел да обезбеди побезбеден и современ инфраструктурен објект, што ќе ја олесни секојдневната мобилност на жителите и ќе ги намали ризиците при сообраќај, се наведува објавата на Владата на Фејсбук.
- Зафатот опфаќа реконструкција на постоечкиот мост, доградба и унапредување на носивоста, подобрување на пристапите и системот за одводнување. Инвестицијата изнесува 12.066.494 денари, обезбедени од Владата преку Министерството за транспорт и врски, се појаснува во објавата.
Со реализацијата на овој проект, како што се истакнува, се создава современа и сигурна инфраструктура што ќе ги поврзе Горно и Долно Лисиче, овозможувајќи побрзо и побезбедно движење за сите жители. бд/са/
Фото: Фејсбук на Влада