• e mërkurë, 11 mars 2026

Амбасадорката на Кина, Џианг Сиаојан во посета на Кочани

Амбасадорката на Кина, Џианг Сиаојан во посета на Кочани

Кочани, 10 март 2026 (МИА) = Амбасадорката на Кина во Македонија, Џианг Сиаојан, денеска престојуваше во работна посета на Кочани, при што оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов, информираат општинските служби.

На средбата се разговарало за актуелната состојба во градот, една година по трагичниот пожар во Пулс, како и за процесот на закрепнување и поддршката за повредените и нивните семејства.

Амбасадорката Сиаојан ја истакнала подготвеноста на Кина да продолжи да ја поддржува заедницата во процесот на заздравување. Таа нагласила дека солидарноста и меѓусебната поддршка се особено важни во вакви моменти, изразувајќи надеж дека Кочани ќе го продолжи процесот на закрепнување.

Во разговорот беше истакната и подготвеноста за продлабочување на соработката меѓу Кина и Кочани, преку иницијативи што ќе придонесат за развој на земјоделството, особено оризопроизводството, поддршка на младите и на целокупната локална заедница. Беше истакната и можноста за зајакнување на пријателските односи кои Кочани ги има воспоставено со кинескиот град Вуши  се наведува во соопштението доставено до медиумите попладнево.

Градоначалникот Грозданов во име на Општината ѝ се заблагодарил на амбасадорката за посетата и за поддршката што Кина ја упатува кон Кочани, нагласувајќи дека ваквите средби се важни за јакнење на меѓународната соработка и за продолжување на локалниот развој.ис/са/

фото: Општина Кочани

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR