Штипски „Стипион“ набави хибридни возила со камери за контрола на паркинг местата
- Две нови хибридни возила денеска доби јавното претпријатие „Стипион“ , наменети за контрола на јавното паркирање во Штип. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Панче Стефановски рече дека возилата ќе патролираат низ градот, а со помош на камери за видео надзор и техничка опрема ќе се читаат регистерските таблички на паркираните автомобили. Податоците во реално време ќе се испраќаат до софтверот на претпријатието, кој ќе евидентира дали возилата на паркинг позициите имаат платено паркинг.
Штип, 10 март 2026 (МИА) - Две нови хибридни возила денеска доби јавното претпријатие „Стипион“ , наменети за контрола на јавното паркирање во Штип. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Панче Стефановски рече дека возилата ќе патролираат низ градот, а со помош на камери за видео надзор и техничка опрема ќе се читаат регистерските таблички на паркираните автомобили.
Податоците во реално време ќе се испраќаат до софтверот на претпријатието, кој ќе евидентира дали возилата на паркинг позициите имаат платено паркинг. Оние кои немаат извршено наплата ќе бидат означени, по што ќе следуваат соодветни мерки.

-Од денес возниот парк на ЈП „Стипион“ е зголемен за две нови возила во службена дејност јавно паркирање. Ова се модерни, економични и еколошки возила на хибриден погон, кои што ќе партолираат во градот со помош на инсталирани камери за видео надзор и техничка опрема, ќе ги читат регитерските таблички и во реално време ќе испраќаат информации на софтверот, кои што ќе ги евидентира и ќе издава информации кои од возила на паркинг позициите имаат или немаат платено паркинг. Оние возила кои што ќе немаат наплата на паркинг ќе бидат маркирани-изјави Стефановски. Тој посочи дека вредноста на оваа јавна набавка чини околу два и пол милиони денари.
-Системот ќе издаде налог за санкционирање, нашите вработени ќе имаат обврска во најкус временски рок да ги санкционираат, на еден од достапните методи кои што ги имаме со издавање на доплатен билет или со поставување на блокатор. Вредноста на оваа јавна набавка е околу два и пол милиони денари, а планираме во целосно функција да ја ставиме за околу две до три недели. Со овие возила, очекувањата се дека ќе се олесни работата на ЈП „Стипион“ во оваа дејност, со што ќе се зголеми и ефикасноста во работата. Во голема мера ќе се намали и влијанието на човековиот фактор, а со тоа и можноста и можноста за злоупотреби и непостапувања- додаде Стефановски.
Главните придобивки од реализацијата на оваа инвестиција се намален метеж во градот и повеќе достапни паркинг позиции. вдј/сст/
Фото: МИА