„Јатки од зборови“ – нова книга за деца од Стојан Тарапуза
- „Јатки од зборови“ е насловена новата поетска книга за деца од Стојан Тарапуза, која издавачката куќа „Панили“ ја објави по повод Светскиот ден на книжевноста за деца - 2 Април.
- Post By Хатка Смаиловиќ
- 09:46, 2 prill, 2026
Скопје, 2 април 2026 (МИА) - „Јатки од зборови“ е насловена новата поетска книга за деца од Стојан Тарапуза, која издавачката куќа „Панили“ ја објави по повод Светскиот ден на книжевноста за деца - 2 Април.
-Песните во „Јатки од зборови“ се создавани спонтано и во подолг период. Содржински се разликуваат едни од други, но во однос на пораките што ги сугерира книгата се многу слични. Тоа на книгата ѝ дава посебен белег. Нејзините дваесет и шест поглавја имаат богата содржина во разговорна форма, којашто е исклучително важна за детето. Во однос на стилот, на формата и на структурата, таа е во духот на богатиот книжевен опус на Стојан Тарапуза, со препознатливата игра на звучноста и поучноста во стиховите, соопшти издавачот.
Стојан Тарапуза е во десеттата деценија од животот и важи за еден од најпродуктивните македонски писатели, со чии стихови израснаа многу генерации деца.
-Во изминатите две децении и книгоиздавалеството „Матица македонска“ објави неколку негови книги. Критиката оценува дека новите изданија од творештвото на Тарапуза треба да се задолжително четиво за секое дете, зашто секоја од неговите книги соодветствува на потребите и предизвиците во разни фази од развојот на детската личност – со исклучително високо естетско и дидактичко ниво, што сѐ уште е ненадминато во актуелната македонска поезија за деца, се наведува во соопштението. хс/са/
Фото: корица на книга