• e premte, 03 janar 2025

„Фајненшл тајмс“: Москва има детален план за напад на 160 цели во Јужна Кореја и Јапонија во случај на војна со НАТО

„Фајненшл тајмс“: Москва има детален план за напад на 160 цели во Јужна Кореја и Јапонија во случај на војна со НАТО

Вашингтон, 31 декемеври 2024 (МИА) - Русија разработила детален план со список на цели за можен конфликт со Јапонија и Јужна Кореја. Списокот вклучува цели „во азиско тихоокаеанскиот сектор“ во случај на војна со НАТО, како нуклеарни електрани и објекти од цивилната инфраструктура, објави денеска „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на тајни документи добиени од западни извори.

Според протечените информации од 29 доверливи воени досиеја, списокот вклучува 160 објекти како патишта, мостови, фабрики, но и командни центри и воени бази со планови за напад направени меѓу 2008 и 2014 година. Ова е со цел да се спречи „регрупирање на војници во областите со оперативна намена“, се вели во документот.

 Првите 82 цели имаат воено значење: штабови на вооружените сили, радарски инсталации, авионски бази и поморски објекти во Јапонија и Јужна Кореја. Меѓу цивилните објекти се наведени тунели, енергетска инфраструктура и индустриски капацитети. Во нив спаѓаат јапонскиот тунел „Канмон“ и јужнокорејската металуршка фабрика „Поханг“. Енергетската инфраструктура е исто така клучна цел: списокот вклучува 13 објекти, вклучувајќи нуклеарни комплекси во јапонскиот Токаи и хемиски фабрики во јужнокорејскиот Пусан.

Изданието јавува дека документите содржат детали за употреба на неконвенционални крстосувачки ракети Х-101. Еден од сценаријата опишува напад со 12 ракети лансирани од тешкиот бомбардер Ту-160 врз јапонската радарска база во Окусирито.

Друг документ споменува мисија од 24 февруари 2014 година за проверка на противвоздушната одбрана на Јапонија и Јужна Кореја. Според тајното досие, два тешки бомбардера Ту-95 полетале од базата на командата за далечинска авијација во Украинка, руски Далечен Исток, и за 17 часа ги облетале двете земји за да ги регистрираат нивните одбранбени реакции. кб/

 

QËNDRONI TË LIDHUR