Нетанјаху побара неговото сведочење пред судот да се одложи за две недели
- Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара да се одложи продолжувањето на неговото сведочење на судењето за корупција за уште две недели, бидејќи минатата недела хируршки му беше отстранета простатата.
- Post By Марија Спасовска
- 16:57, 3 janar, 2025
Ерусалим, 3 јануари 2025 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара да се одложи продолжувањето на неговото сведочење на судењето за корупција за уште две недели, бидејќи минатата недела хируршки му беше отстранета простатата.
Адвокатот на Нетанјаху, Амит Хадад, во писмо до Окружниот суд во Ерусалим рече дека премиерот бил отпуштен од болница вчера и му било наложено да одмора дома две недели.
Хадад рече дека медицинските документи се доставени до судот и дека државното обвинителство се согласило со одложувањето, јавуваат израелските медиуми.
Нетанјаху од 10 декември до сега сведочеше шест дена, но само за еден од трите случаи на корупција за кои беше обвинет. мс/
фото: МИА архива