• e hënë, 06 janar 2025

Украински мрежи: Русија зазеде 3.600 км квадратни од Украина во 2024 година

Украински мрежи: Русија зазеде 3.600 км квадратни од Украина во 2024 година

Киев, 5 јануари 2025 (МИА) - Во изминатата 2024 година Русија зазеде речиси 3.600 квадратни километри од територијата на Украина, јави денеска ДПА, повикувајќи се на украински социјални мрежи во Киев. Областа е приближно со големина на шпанскиот остров Мајорка или њујоршкиот Лонг Ајленд.

Украина претрпе најголеми територијални загуби во ноември, кога загуби околу 610 квадратни км. Тогаш руските сили окупираа приближно 20 квадратни километри дневно, пишува украинскиот воен блог „Military“. Пријавените загуби во 2024 година беа многу пати поголеми од оние во претходната година.

Нема официјална потврда за овие податоци. ссм/

фото: архива

QËNDRONI TË LIDHUR