Во пожар во близина на Сеул повредени 35 лица, повеќе од 300 евакуирани
- Во пожар што попладнево избувна во зграда во јужнокорејскиот град Сеонгнам, јужно од Сеул, повредени се 35 лица, а повеќе од 300 се евакуирани, јавуваат јужнокорејските медиуми.
- Post By Марија Спасовска
- 17:42, 3 janar, 2025
Сеул, 3 јануари 2025 (МИА) - Во пожар што попладнево избувна во зграда во јужнокорејскиот град Сеонгнам, јужно од Сеул, повредени се 35 лица, а повеќе од 300 се евакуирани, јавуваат јужнокорејските медиуми.
Локалните медиуми објавија видео од катната зграда обвиена во црн чад, а се претпоставува дека пожарот избувнал од долните катови.
Пожарот го зафатил големиот трговски комплекс БИЦ, по што во објектот бил вклучен алармот за пожар.
Пожарникарите распоредија 82 возила и опрема јужно од Сеул за да го стават пожарот под контрола откако избувна во ресторан на приземјето на прометна комерцијална зграда, во која има и базен каде што децата посетуваат настава. мс/
фото: Википедија