БиХ: ЕУФОР предупредува на засилени воени активности поради рутински активности
- Европските сили (EUFOR) во Босна и Херцеговина ги информираа граѓаните дека во следната недела ќе има интензивно движење на воени сили, јавува Радио Слободна Европа.
- Post By Сања Костовска
- 18:54, 3 janar, 2025
Сараево, 3 јануари 2025 (МИА) - Европските сили (EUFOR) во Босна и Херцеговина ги информираа граѓаните дека во следната недела ќе има интензивно движење на воени сили, јавува Радио Слободна Европа.
„Ова претставува враќање кон рутинските операции по периодот на намалена активност за време на крајот на годината,“ соопштија од Мисијата.
ЕУФОР остануваат посветени на осигурување на безбедноста и стабилноста во Босна и Херцеговина и ќе продолжи да ги поддржува своите партнери, се посочува во известувањето.
Мисијата „EUFOR Althea“ е активна од 2004 година и има мандат од ООН, кој е продолжен до ноември 2025 година. Воениот состав на EUFOR беше зголемен на 1.500 војници од почетокот на војната во Украина, вклучувајќи и хеликоптери и тенковски единици. ссм/
фото: архива