• e hënë, 06 janar 2025

Бајрактар: Турција може да и испорачува на Европа до 10 милијарди кубни метри гас годишно преку балканскиот гасовод

Бајрактар: Турција може да и испорачува на Европа до 10 милијарди кубни метри гас годишно преку балканскиот гасовод

Анкара, 4 јануари 2025 (МИА) - Турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар ​​изјави дека Турција може да и испорачува на Европа до 10 милијарди кубни метри гас годишно преку балканскиот гасовод, доколку европските земји покажат политичка волја и посветеност.

„Турција е подготвена да придонесе повеќе за енергетската безбедност на Европа, доколку Европа покаже политичка волја и посветеност и се направат дополнителни инвестиции во меѓусебните врски, ќе можеме да извезуваме до 10 милијарди кубни метри гас годишно во Централна и Источна Европа преку балканскиот гасовод“, рече Бајрактар.

Оваа оценка турскиот министер ја даде во интервју за јапонското економско издание „Никеи“ по прекинот на преносот на руски гас преку Украина.

Договорот за транзит на руски гас преку украинска територија истече на 1 јануари. Киев одби да преговара со Москва за нов договор за транзит на руско сино гориво поради воената инвазија на Русија. рп/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR