Министерот за надворешни работи на Израел го потврди продолжувањето на преговорите во Катар за ослободување на заложниците
- Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го потврди продолжувањето на индиректните разговори во Доха со Хамас за постигнување прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на израелските заложници кои таму се држат од 7 октомври 2023 година.
Тел Авив, 4 јануари 2025 (МИА) - Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го потврди продолжувањето на индиректните разговори во Доха со Хамас за постигнување прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на израелските заложници кои таму се држат од 7 октомври 2023 година.
Кац ги известил родителите на заложничката Лири Елбаг, која денеска се појави на видеото објавено од Хамас, дека во тек се напори за ослободување на заложниците, поточно дека израелската делегација вчера заминала на разговори во Катар.
Тој појасни дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дал прецизни упатства за продолжување на преговорите. рп/
Фото: ЕПА