• e diel, 05 janar 2025

Молдавскиот премиер предупреди на безбедносна криза и го осуди прекинот на рускиот гас

Молдавскиот премиер предупреди на безбедносна криза и го осуди прекинот на рускиот гас

Кишињев, 3 јануари 2025 (МИА) - Молдавија се соочува со безбедносна криза откако десетици илјади жители на сепаратистичката област Придњестровје беа отсечени од испораките на руски гас, изјави молдавскиот премиер Дорин Речан во денешното соопштение.

Протокот на руски гас низ Украина, кој ја снабдуваше централна и источна Европа, беше запрен на крајот на 2024 година.

Речан рече дека Молдавија ќе ги покрие своите енергетски потреби со домашно производство и увоз, но посочи дека Придњестровје претрпе болен удар и покрај нејзините врски со Москва.

-Со загрозување на иднината на протекторатот што го поддржува три децении во обид да ја дестабилизира Молдавија, Русија го откри неизбежниот исход за сите свои сојузници - предавство и изолација, се вели во соопштението на Речан.

„Ова го гледаме како безбедносна криза која има за цел да им овозможи на проруските сили да се вратат на власт во Молдавија, како и да ја претвори нашата територија во оружје против Украина, со која имаме заедничка граница од 1.200 километри“, додаде молдавскиот премиер. мс/

фото: МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR