• e premte, 03 janar 2025

Украинската армија погоди руско складиште за нафта во областа Смоленск

Украинската армија погоди руско складиште за нафта во областа Смоленск

Киев, 31 декември 2024 (МИА) - Украинската армија соопшти дека нејзините сили погодија руско складиште за нафта во областа Смоленск.

Во објавата на украинскиот Генерален штаб на „Телеграм“ се вели дека складот бил користен за воени цели. Според Киев, силни експлозии предизвикале пожар на резервоарите со нафтени производи.

Претходно денеска, гувернерот на Смоленската област, Василиј Анохин, изјави дека остатоци од урнат украински дрон предизвикале истекување на гориво и пожар во складот, но додаде дека ситуацијата е под контрола. ссм/

фото: архива

QËNDRONI TË LIDHUR