• e diel, 05 janar 2025

Британија издаде предупредување за целата земја поради ниските температури

Британија издаде предупредување за целата земја поради ниските температури

Лондон, 3 јануари 2025 (МИА) - Британската агенција за здравствена безбедност (УКХСА) издаде предупредување поради ниските температури за цела Англија.

Предупредувањето ќе биде на сила до следната среда, а се предвидува и пораст на  бројот на смртни случаи, особено кај лицата над 65 години и кај оние со постоечки здравствени проблеми, пишува „Скај њуз“.

Шефот на одделот за екстремни временски настани и здравствена заштита на УКХСА, Агостињо Суса, ги повика граѓаните да ги проверуваат своите пријатели, роднини и соседи. паг/

Фото: ЕПА




QËNDRONI TË LIDHUR