• e hënë, 06 janar 2025

Сина туна продадена за 1,3 милиони евра на аукција во Токио

Сина туна продадена за 1,3 милиони евра на аукција во Токио

Токио, 5 јануари 2025 (МИА) - На првата аукција за туни годинава, на познатиот пазар за риби во Токио, сина туна беше продадена за 207 милиони јени (околу 1,28 милиони евра).

Туната од 276 килограми, уловена во близина на префектурата Аомори, ја купија заеднички еден трговец и компанијата која управува со синџирот ресторани „Суши Гинза Онодера“.

Рекордната цена за туна на аукција останува 333,6 милиони јени (околу 2 милиони евра), постигната во 2019 година за туна од 278 килограми.

Првата аукција се одржа рано утрово на пазарницата Тојосу, која последниве години е една од најголемите туристички атракции на Токио. ссм/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR