• e diel, 05 janar 2025

Клаудија Рот: Злоупотребата на економската моќ за наметнување мислења е опасност за демократијата

Клаудија Рот: Злоупотребата на економската моќ за наметнување мислења е опасност за демократијата

Берлин, 3 јануари 2025 (МИА) – Злоупотребата на голема економска моќ и моќ во областа на комуникациите може да биде многу опасна за демократијата, изјави германската државна министерка за култура Клаудија Рот, коментирајќи ги навредите на американскиот милијардер Илон Маск кон германскиот претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.

Маск на својата социјална мрежа Х напиша дека социјалдемократот Штајнмаер е „недемократски тиранин“.

Во интервју за берлинскиот портал Table.media, Клаудија Рот изјави дека претседателот ја претставува земјата и оти „кој го потценува, ја потценува и Германија“.

– Можеби некој треба да му каже на господинот Маск – од една страна, желбата да се заработи, а од друга, непочитувањето на претставниците на земјата, тоа не оди заедно, рече Рот, која е членка на Зелените.

- Но, без разлика на тоа, кога големата економска сила се поистоветува со моќта за изразување мислење, тоа не е добро за демократијата. Токму затоа новинарите се заштитени во нашиот медиумски систем, додаде германската министерка.

Таа нагласи дека токму поради тоа, новинарството е нешто друго од комбинација на голема економска моќ и моќ над комуникациите, кои се користат за слабеење и поткопување на демократијата и дека тоа е „многу опасно за демократските општества“. јт/

Фото: Фејсбук

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR