ФБИ предупреди на опасност од имитација на нападот во Њу Орлеанс
- Федералното истражно биро (ФБИ) и Министерството за внатрешна безбедност на САД во заедничка изјава до 18.000 државни агенции за спроведување на законот во Соединетите Американски Држави предупредија дека постои опасност од потенцијални имитатори кои можат да го повторат новогодишниот терористички напад со пикап во Њу Орлеанс.
- Post By Јасмина Тасевска
- 13:12, 3 janar, 2025
Вашингтон, 3 јануари 2024 (МИА) – Федералното истражно биро (ФБИ) и Министерството за внатрешна безбедност на САД во заедничка изјава до 18.000 државни агенции за спроведување на законот во Соединетите Американски Држави предупредија дека постои опасност од потенцијални имитатори кои можат да го повторат новогодишниот терористички напад со пикап во Њу Орлеанс.
Како што објави Еј-Би-Си Њуз, до агенциите за спроведување на законот ширум САД е испратен меморандум со предупредување да ја следат секоја активност што укажува на употреба на возила како метод за предизвикување масовни жртви.
Во меморандумот се наведува дека Исламска држава (ИД), на која според ФБИ напаѓачот од Њу Орлеанс, Шамсуд Дин Џабар и се заколнал на верност, промовира употреба на возила како терористичко оружје од 2014 година. јт/
Фото: МИА архива