• e diel, 05 janar 2025

Наредена евакуација поради опасност од вулканска ерупција во Етиопија

Наредена евакуација поради опасност од вулканска ерупција во Етиопија

Адис Абеба, 3 јануари 2024 (МИА) – Откако вулканот во североисточна Етиопија денеска почна да покажува знаци на ерупција, властите наредија евакуација на населението од неговата близина во привремени засолништа, соопшти владината геолошка служба.

Геолошкиот институт на Етиопија на својата Фејсбук страница објави видео на кое се гледа чад и прашина што ги исфрла вулканот во областа Аваш Фентале.

Државната телевизија на Етиопија јави дека властите ги евакуирале жителите од погодената област, која е на околу 165 километри од главниот град Адис Абеба. јт/

Фото: Х

QËNDRONI TË LIDHUR