• e shtunë, 27 korrik 2024

Повеќе од 24 Палестинци загинаа во израелски воздушен напад врз училиште во Газа

Повеќе од 24 Палестинци загинаа во израелски воздушен напад врз училиште во Газа

Газа, 27 јули 2024 (МИА) - Повеќе од 24 Палестинци, меѓу кои и деца и жени, загинаа утринава во израелски воздушен напад врз училиште во Деир ал Балах, централниот дел на Појасот Газа, каде што се сместени раселените.

Локални извори соопштија дека во нападот на израелски воени авиони врз училиштето, кое се наоѓа западно од Деир ал Балах, имало десетици жртви, а многу луѓе биле тешко повредени, пренесува палестинската агенција Вафа.

Официјални лица изјавија дека бројот на загинати би можел да биде поголем, бидејќи операциите за пребарување и спасување сè уште се во тек. паг/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR